Ејде: Има напредок во преговорите за Кипар

Од:

Претставникот на Обединети нации за Кипар, Еспен Барт Ејде изјави дека е постигнат напредок за компромисна формула за безбедноста по повторното обединување на етнички поделениот остров.

Но, тој додаде дека се уште претстои долг пат за структурата за безбедноста на кипарски Грци и кипарските Турци, како и на гарантите на Кипар – Грција, Турција и Велика Британија.

Ејде по средбата со претседателот на Кипар, Никос Анастасидис истакна дека ОН го поддржува „структурирањето“ на договорот.

Кипарските Турци инсистираат турската армија да остане на Кипар, а на Турција да и се даде право да се вмешува во обединет Кипар, на што се спротивставуваат кипарските Грци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот