Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер ја поздрави одлуката на земјите од Западен Балкан да се посветат на спроведување на Зелената агенда и развој заедничкиот регионален пазар.
Истовремено, тој ја поздрави и поддршката на Економскиот инвестициски план, кој го најави ЕК, фокусирајќи се на поврзаноста одржливата зелена и дигитална транзиција кон интегрираниот регионален пазар.
Како што се наведува, Хојер вети активна поддршка на ЕИБ за такви инвестиции.
Учесниците на денешниот самит, меѓу кои беше и ЕИБ, покажаа подготвеност да работат на Зелената агенда и заедничкиот регионален пазар, а ЕИБ се обврза да обезбеди финансиска и техничка поддршка за инвестициите кои ќе овозможат зелена транзиција во регионот.
– Можноста за поголеми вложувања во регионот е клучна цел на Берлинскиот процес и топло го поздравуваме економскиот и инвестицискиот план кој го изнесе еврокомесарот Оливер Вархеји. Како банка на ЕУ со амбициозни цели за унапредување на климатското делување, среќни сме што гледаме силна политичка посветеност на сите лидери од Западен Балкан за спроведување на Зелената агенда, нагласи Хојер.
ЕИБ е водечки меѓународен инвеститор во земјите од Западен Балкан, а од 2008 година банката финансирала проекти во вредност од 8,5 милијарди евра.