Едномесечен притвор за Србинот уапсен на „Јариње“

Од:

Основниот суд во Приштина му одреди мерка притвор од еден месец на Србинот М.А.

М.А. бил уапсен вчера на „Јариње“ од косовската полиција под сомнение дека учествувал во напад со огнено оружје врз службеници минатата година.

Како што се наведува во соопштението на Основниот суд во Приштина, мерката притвор е одредена за осомничениот, кој е државјанин на Србија, да не го напушти Косово и да избегне кривична одговорност.

„Обвинетиот додека е на слобода може да се сокрие или да побегне за да избегне кривична одговорност поради тежината на делата за кои се товари и лесно може да го стори тоа бидејќи факт е дека обвинетиот е државјанин на Србија, по што тој би бил недостапен за органите на прогонот. Исто така, постои ризик со ослободување на истото лице на слобода, да ги скрие, уништи или измени доказите што треба да се разгледаат во фазата на истрага. Затоа, оценката на судот на притворот на обвинетиот во оваа фаза од кривичната постапка е повеќе од разумен и неопходен за успешно и ефективно спроведување на оваа од кривичната постапка“, се вели во соопштението на Основниот суд.

Како што се додава, на таа одлука незадоволните страни имаат право на жалба до Апелациониот суд, преку Основниот суд во Приштина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија