Едномоторен авион се урна во близина на автопатот Атина- Солун кај градот Тива и во близина на малиот аеродром „Пернери“ што се наоѓа во областа, а пилотот го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според противпожарната служба на Грција, интервенирале осум пожарникари со три возила и било извлечено безживотното тело на едно лице.
Засега, причините за несреќата се непознати.
Извор: МИА