Грчката полиција соопшти дека има видео-снимка од мажот кој синоќа упадна во ноќен клуб во Пиреја и отвори оган врз гостите, при што се повредени 11 лица.
Инцидентот се случил синоќа околу четири часот, кога напаѓачот влегол во ноќниот клуб и извикал „сите ќе умрете“ и почнал да пука од автоматска пушка „Калашњиков“.
Тројца од повредените се во тешка здравствена состојба.