Во експлозија во туристички брод, во близина на копното од островот Кос, загина капетанот, а шест туристи беа повредени, соопштија грчките власти.
Грчкото Министерство за трговска морнарица соопшти дека експлозијата се случила на туристички брод во близина на пристаништето Мандраки и дека во несреќата загинал 54-годишниот капетан.
Повредените се сместени во болница.
Засега, никој не ја знае причината за несреќата.