Едно момче загина, а едно е рането во пукање кое вечерва, околу 21 часот, се случило во Ниш, јавува српски Блиц.
Без некоја особена причина, во кавга, четири момчиња посегнале по пиштолите.
Во пукањето, ранет е Марко Ц. кој во тешка состојба е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш, каде што им подлегнал на повредите, додека 29-годишниот Владимир С. е полесно повреден во раката и е хоспитализиран на Клиниката за ортопедија.