ЕЦБ: Грчката економија во 2014 година повторно ќе оствари раст

Од:

Грчката економија се очекува повторно да оствари раст во 2014 година, изјави денеска членот на Извршниот совет на Европската централна банка, Јерг Асмусен во интервју за германскиот весник „Рајнише пост“.

Грција најверојатно во 2014 година ќе биде повторно во состојба да оствари економски раст, а сериозно се прелажаа оние што на почетокот на годината предвидуваа дека Грција ќе ја напушти еврозоната.

Официјална Атина за идната година прогнозира забавување на грчката економија шестта година по ред, со пад на бруто домашниот производ од 4,5 отсто во 2013 година, по очекуваниот пад од 6,5 проценти за оваа година.

Асмусен ги пофали грчките напори за запирање на дефицитот, додавајќи дека меѓу 2009 и 2012 година, нејзиниот буџетски дефицит да биде намален за девет проценти од БДП, што е исклучително остварливо.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбел, исто така, ги пофали напорите преземени од Атина.

Од изборите во јуни, владата во Грција за првпат сериозно ги спроведе реформите и го намали дефицитот, изјави Шојбле во интервју за германската агенција ДПА.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција