ЕБУ во петок ќе објави дали ја прифаќа грчката државна телевизија

Од:

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во четврток ќе го одржи 73-тото Генерално собрание во Женева, по што во петок ќе се гласа за прием на нови активни членови.

Грчката државна телевизија Нерит е еден од радиодифузерите кој поднесе барање за активно членство, а од исходот на гласањето ќе зависи дали  Грција ќе учествува на Евровизија во Виена.

Нерит почна со работа оваа година, откако грчката Влада во јуни 2012 година ја затвори старата ЕРТ.

Грција на Евровизија 2014 учествуваше со исклучок, со оглед на тоа што пропушти два рокови да стане активна членка на ЕБУ, па така Атина сега се соочува со ултиматум од страна на организаторите на Евровизија 2015.

Без одобрение на ЕБУ за активно членство, земјата нема да има право да учествува на претстојниот натпревар во Виена, овој пат ниту со исклучок. Во Грција се коментира дека преговорите одат добро, а последната апликација на Нерит била блиску до стандардите на ЕБУ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит