Џентилони: ЕУ да остане отворена за Западен Балкан

Од:

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони предупреди дека Европската унија мора да ја држи отворена вратата за членство на земјите од Западен Балкан, кои на крај би влегле во ЕУ или ризикува да им дозволи на Русија и другите глобални сили да го зголемат влијанието во регионот.

Џентилони, обрајќајќи се на затворањето на 4. Самит на ЕУ-Западен Балкан во Трст, посочи дека проширувањето на Унијата за земјите од Западен Балкан мора да биде одржувана како конкретна можност.

Тој посочи дека Италија и Германија, како најголеми партнери на регионот, не можат да дозволат други да ја исполнат празнината, што би се создала доколку ЕУ остане затворена за нови членки.

– Секако дека постојат други регионални и глобални сили кои се многу заинтересирани за влијание во овој регион, истакна Џентилони.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот