Две жртви на студот во Бугарија

Од:

Двајца мртви мажи починаа денеска од студ во Бугарија, на североистокот на земјата, каде е прогласена вонредна состојба поради исклучително ниските температури и обилните снежни врнежи.

Бугарското радио јави дека 60-годишен маж е пронајден смрзнат во својот автомобил на еден селски пат, додека вториот 70-годишен маж е пронајден мртов со смрзнатини по телото во градот Варна, на брегот на Црното Море.

Бројот на жртвите од студот што ја погоди Бугарија за една недела се зголеми на шест лица.

Над 200 села на југоистокот на Бугарија од вчера се без струја, додека вкупно 494 училишта ширум земјата денеска се затворени.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски