Две силни експлозии во центарот на Тирана

Од:

Во две силни експлозии во центарот на Тирана урната е аптека, демолиран е еден стан и искршени се прозорците на околните објекти, но никој не е повреден, соопшти албанската полиција.

Во првата од двете детонации во рок од 25 минути, уништен е објект во сопственост на министерот за внатрешни работи Саимир Тагири и стан на висок претставник на албанската полиција.

Албанскиот премиер Еди Рама го опиша денешниот инцидент во Тирана како „координиран акт на тероризам“.

Полицијата во Тирана деактивираше и трета експлозивна направа, за која добила телефонска дојава. Засега никој не ја презема одговорноста за експлозиите.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата