Две лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Белград

Од:

Уште едно лице го загуби животот во пожарот што избувна во домот за стари лица во Мали Мокри Луг во Белград, па бројот на жртвите се искачи на две. Припадници на Одделението за вонредни состојби за седум минути го локализирале пожарот, кој избувнал на улицата Партизанска бр.34, од зградата на домот за стари лица.

27 пожарникари-спасувачи од Вождовац и Звездара пребарувајќи на местото на пожарот кој целосно зафати една просторија на третиот кат, пронашле едно повредено лице, додека другото лице кое било пронајдено било предадено на екипите на Итната помош, по што починало.

Пожарникарите и спасувачите евакуирале 73 корисници од домот и осум вработени.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски