Две лица загинаа, а 13 се повредени во ракетен напад од северот на Сирија, во пограничниот турскиот град Килис, соопштија турските власти.
Една од ракетите погодила џамија, а друга куќа, по што се слушнала повратна турска артилериска акција во правец на Сирија.
Во тек е петтиот ден од големата турска офанзива против курдската милиција во енклавата Африн на северот од Сирија.