Две години од првата жртва на Ковид-19 во Косово

Од:

Денеска се навршуваат две години од дента кога во Косово беше регистрирана првта жртва на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Институтот за национално здравство на Косово на 22 март 2020 година објави дека тој ден во Клиничкиот и универзитетски центар во Приштина, како последица од заразата со новиот коронавирус, починал 82-годишен пациент, жител на селото Думница, општина Подујево.

Првите два случаи на заболени од Ковид-19, 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин, беа регистрирани на 13 март 2020 година.

Според официјалните статистики на косовските здравствени власти, заклучно со вчерашните податоци, досега во Косово се евидентирани 227.150 случаи на заразени, од кои 223.391 лице ја совладале болеста, додека 3.127 починале. Активни носители на вирусот во земјата се 632 лица.

Последните пар недели во Косово начително опадна бројот на новозаболени од Ковид-19, така што дневно има по 20 до 50 нови случаи, односно во просек по околу три до четири отсто од лицата кои се тестираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина