Двата најголеми грчки синдиката повикаа на 24-часовен штрајк поради затворањето на ЕРТ

Од:

Двата најголеми синдиката во Грција – на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и во државниот сектор (АДЕДЕ), повикаа утре на 24 часовен генерален штрајк против затворањето на државната радио и телевизија ЕРТ, објавија грчките медиуми.

И вработените во грчката државна радио и телевизија ЕРТ повикаа денеска за протести пред зградата на медиумот во Атина.

– Ги покануваме сите на митинг пред зградата на радиото и телевизијата, бидејќи борбата против отпуштањето од работа и невработеноста треба да биде заедничка, се вели во пораката на вработените во ЕРТ на Фејсбук.

Штрајк е закажан денеска и во приватни радио-телевизискаи канали и во националната агенција АНА-МПА.

Унијата на новинари од Атина соопшти дека „по непријателското и варварско вмешување на трипартиската Влада да ја затвори ЕРТ, новинарските сојузи одлучиле да почнат со непрекинати акции со штрајк во сите приватни радио-телевизиски канали“.

Демонстрантите тврдат дека одлуката за затворање на државната радио и телевизија била донесена лично од премиерот Андонис Самарас. Од утре штрајк почнуваат и вработените во сите весници во Грција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица