Екс претседателот на Србија, Иван Стамболиќ е убиен на денешен ден пред 12 години. Тој по налог на Слободан Милошевиќ беше киднапиран од припадниците на единицата за специјални операции и го убија на Фрушка Гора.
Неговите остатоци беа пронајдени во 2003-та година, а полицијата тогаш соопшти дека мотивот за убиството бил политички и дека бил убиен како можен кандидат на претседателските избори кои се одржаа во септември 2000-та година.