Во петокот од затворот во Риека побегнаа двајца затвореници кои беа во притвор поради сомнение за имотни деликти.
Како што неофицијално дознава порталот 24сата.хр, тие при прошетка низ затворскиот двор искористиле импровизирана јаже за да го минат безбедносниот ѕид.
„При отстранување и надминување на пречки, лицата лишени од слобода се здобиле со телесни повреди, чиј интензитет не е утврден. Веднаш по настанот за се е известена надлежната полициска управа и судот, а во моментов е во тек утврдувањето на сите околности на овој настан“, соопштија од хрватското Министерство за правда.
Од риечката полиција соопштија дека во тек е кривична истрага и дека потрагата по избеганите затвореници е во тек.