Двајца турски полицајци и четворица борци на ИД убиени во југоисточна Турција

Од:

Двајца турски полицајци и четворица борци на Исламска држава се убиени рано утринава во престрелка што почнала откако полицијата изведувала претреси на куќи во градот Дијарбекир, в југоисточна Турција, информираа британските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.

Продолжува престрелката во квартот Кајапанар, во доминантно со Курди населениот  град Дијарбекир, информирата изворите.

По двојниот самоубиствен атентат во Анкара, во кој беа убиени над 100 лица, турските власти ги проширија своите операции против претпоставените ќелии на Исламска држава во земјата. Тоа беше најужасниот ваков напад во поновата турска историја, за кој вината беше фрлена врз Исламска држава.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека сириското разузнавање и курдски борци, а не само Исламска држава, стојат зад нападот во Анкара, извршен на минтинг на прокурдски активисти и граѓански групи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски