Двајца Бугари осудени на бесилка во Малезија поради дрога

Од:

Георги Бакалов и Иван Костов кои минатото лето беа уапсени со пет килограми амфитемини во Малезија, се осудени на смрт со бесење.

Од бугарското министерство за надворешни работи посочуваат дека пресудата не е конечна, и дека ќе се жалат на апелациониот суд.

Таткото на едно од момчињата минатата недела кажа дека синот и неговиот другар не знаеле дека пренесуваат дрога. Им било кажано дека пренесуваат таблети вијагра и тоа во количина која е законски дозволена.
Според него, друг Бугарин, Георги Георгиев е нарачател на пратката, кој им ветил 1000 долари за услугата. И тој бил приведен во Малезија, но поради немање докази бил ослободен по што се вратил во Бугарија.

Законодавството во Малезија предвидува смртна казна со бесење за секој што пренесува дрога. Трговијата таму е строго забранета и крајно е опасно доколку кај некој пронајдат повеќе од 15 грама хероин или 200 грама марихуана.

ЛСД, кокаин и синтетички дроги се апсолутно забранети и се третира како тешко кривично дело.
„Никогаш не оставајте на непознати да ви го носат багажот или да го оставите без да го набљудувате“, е основното предупредување за туристите кои ја посетуваат егзотичната земја.

Двајца државјани на Австралија беа обесени во 1986. година откако кај нив беа пронајдени 14 грама хероин.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме