Грчката крајбрежна стража ги пронајде телата на уште двајца илегални имигранти, чиј чамец се превртел во водите на Егејско Море, во близина на островот Лезбос,соопшти грчката течевизија „Скај“.
Претходно грчката агенција АНА-МПА соопшти дека се најдени телата на 18 имигнати.
Жртвите се на возраст меѓу 20 и 45 години.
Синоќа крајбрежната стража во областа пронашла 20-годишен странец со хипотермичен шок, кој подоцна е сместен во болница. Тој раскажал дека во петокот изутрина тргнал со турски шверцер и уште 26 лица со гумен чамец од турскиот брег кон островот Лезбос. На средината од патот чамецот се превртел.
Властите заедно со претставници на Агенцијата за надворешни граници на Европската унија (ФРОНТЕКС) од вчера го пребаруваат регионот, но поради студот и лошите временски услови не се очекува да има преживеани.