Околу 20 лица се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија.
Нема загинати и повредени во катастрофата по обилните дождови во селата карловските села, изјави регионалниот гувернер на Пловдив Ангел Стоев, но уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.
Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.
Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено. Спасувачките операции продолжуваат за евакуација на луѓето од поплавените подрачја каде повторно врне дожд.
Областа ја посети и в.д. министер за регионален развој и јавни работи, Иван Шишков.
Тој извести дека паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере, кои се општински.
Шишков истакна дека е испратена опрема од Агенцијата за патна инфраструктура, но веќе има посериозна опрема од бугарската армија. И во Софија во попладневните часови имаше обилни врнежи од дожд, но не е направена штета.
Извор: МИА