Два тона кокаин се запленети во едрилицата „Океанија дос“

Од:

Два тона кокаин се запленети денеска во заедничка акција на Јавното обвинителство за организиран криминал, полициското одделение за град Белград, полицијата и БИА, а во координација со Европол и надлежните полициски органи на повеќе земји, во меѓународни води на Атлантскиот Океан во едрилицата „Океанија дос“ долга 22 метри, соопшти српската полиција.

Наркотичната дрога кокаин била спакувана во неколку обележани поединечни пакувања, кои биле во спортски торби, соопштија од Јавното обвинителство за организиран криминал.

Со едрилицата управувале еден украински и еден чешки државјанин.

Крајната дестинација на дрогата била ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Дилери од Скопје во импровизирани бункери во Бутел чувале дрога

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол