Два силни земјотреси денеска во рок од 15 минути ја погодија Грција, а епицентарот беше недалеку од островот Самос.
Првиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути подоцна, во 13 часот и 10 минути е забележан уште еден со јачина од 5,2 степени.
? Deadliest #earthquakes that occurred in recent years within 300km of Néon Karlovásion (#Greece): 31/03/1928 a M6.5 led to 170 casualties, 30/10/2020 a M7.0 led to 117 casualties, and on 26/06/1926 a M8.0 led to 110 casualties. pic.twitter.com/6Eg1aYQqRy
— EMSC (@LastQuake) August 31, 2022
Засега нема информации за материјална штета и повредени.
Според очевидци, силни земјотреси биле почувствувани на целиот остров.
Она што загрижува е дека вториот земјотрес не бил „афтершок“, бидејќи бил посилен од првиот.
Инаку, земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди Самос на 30 октомври 2020 година, со епицентар на само 14 километри североисточно од островот.
Иако Самос беше најблиску до епицентарот, најмногу настрада турскиот град Измир, кој се наоѓа на околу 70 километри североисточно.