Два силни земјотреси го погодија северниот дел на Егејското Море во саботата, тврдат грчки сеизмолози

Од:

Два земјотреси со јачина од 6,3 и 6,5 степени по Рихтер го погодиле во саботата северниот дел на Егејското Море, сметаат сеизмолозите, јавуваат грчките медиуми.

Првично беше соопштено дека станува збор за еден земјотрес со поголемо времетраење.

Потресите се почувствувани низ цела Грција и соседните земји. Според експертите активирањето на Анадолиската линија довело до „кршење“ на дел од плочата во нејзиниот западен дел меѓу Света Гора и вториот крај на полуостровот Халкидики.

Според проценките Анадолиската линија се активирала по должина од околу 80 километри, а потресите во саботата биле на длабочина од 15 километри.

Станува збор за два моќни потреси со јачина од 6,3 и 6,5 степени по Рихтер во период од 20 секунди, поради што беше објавено дека бил еден земјотрес со поголемо траење, изјави професор Костас Папазахос.

Сеизмолозите во Грција предупредуваат дека Анадолиската линија е исклучително опасна и дека ефектот од нејзиното активирање е многу често смртоносен.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит