Два мали брода со околу 170 мигранти пристигнале на грчкиот остров Китира

Од:

Околу 170 мигранти, во два одвоени случаи, со два мали брода, во текот на вчерашниот ден пристигнале во јужниот дел на грчкиот остров Китира, а уапсени се најмалку три лица, осомничени за криумчарење, јави дописничката на МИА од Атина.

За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, а биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни.

Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата била пронајдена на карпест брег.

Во малиот брод, според информациите на грчката но инска агенција АНА-МПА, имало 73 лица, мнозинството од Ирак и Иран, но и двајца Руси и сите биле пренесени во конкретен простор за официјално да бидат преброени и регистрирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо