„Дукат“ го стопираше откупот на млекото од 180 фарми во Хрватска

Од:

Хрватскиот „Дукат“ го стопираше откупот на свежо сурово  млеко од 180 фарми во источна Хратска, поради констатацијата за зголемено ниво на афлатоксин.

Оваа привремена одлука е донесена врз основа на резултатите од анализата на паралелниот ситем на контрола на „Дукат“ на суровото млеко на афлатоксин и дополнителните анализи на независна лабораторија, а откупот ќе продолжи откако фармите ќе потврдат дека можат да испорачаат здравствено исправно млеко.

Имајќи предвид дека изворот на афлатоксинот е контаминираната добиточна храна, „Дукат“ во обидот да им помогне на фармерите што побрзо да го решат проблемот, обезбеди пристап до микофиксатори.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби