Државниот совет на Грција во улога на Врховен административен суд денеска треба да одлучи во врска со законитоста на референдумот, на кој в недела Грците ќе се произнесат по предлогот на кредиторите на земјата.
Барање за поништување на референдумот до Државниот совет доставиле адвокат и поранешен државен советник и еден инженер, кои сметаат дека референдумот од правна гледна точна е противуставен.
Тие инстистираат да бидат прогласени за незаконски и сите законски акти поврзани со референдумот.