Дрон трага по исчезнатите, кран ги вади остатоците: Утро по катастрофалната железничка несреќа во Грција

Од:

Најмалку 32 лица загинаа синоќа во судир на патнички воз и товарен воз во близина на Темпи кај Лариса, Грција. Се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите, а утрото по катастрофалната несреќа е страшна глетка.

На снимката која ја објавија грчките медиуми може да се види дека кранот со внимателни движења почна да ги отстранува остатоците од вагонот, додека беспилотно летало од воздух ги бара исчезнатите.

Во тек е голема операција за пребарување и спасување на патниците кои биле во возот.

Според последните податоци загинале 32 лица, а повредени се 85 лица.

Грчките медиуми јавуваат дека во возот има повеќе заробени патници, поради што се стравува дека бројот на жртви ќе расте.

Голем број повредени се пренесени во болницата во Лариса, додека повеќето од загинатите се студенти.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска напладне се очекува да го посети местото на трагедијата.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски