Дража Михајловиќ прогласен за мртов

Од:

Првиот основен суд во Белград денеска го прогласи за мртов командантот на Југословенската кралска војска Драгољуб Дража Михајловиќ, а како датум за неговата смрт го одреди 31 јули 1946 година.

Откако ги утврди сите неопходни факти за смртта, судот донесе решение со кое тој официјално е прогласен за мртов, рече портпаролката на судот Гордана Вуковиќ.

Решението беше неопходно, бидејќи без докази за смртта, Вишиот суд во Белград не може да одлучи за барањето за рехабилитација на Михајловиќ, односно да ја поништи пресудата од 15 јули 1946 година, со која Михајловиќ е осуден на смрт со стрелање, бидејќи нема официјални податоци за тоа каде и кога е погубен и погребан.

Кога тоа решение ќе стане правосилно фактот за смртта ќе биде впишан и во матичната книга на починатите. Процесот за рехабилитација на Михајловиќ пред Вишиот суд во Белград продолжува на 22 ноември.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје