Драстичен пресврт на Полимаркет за исходот од изборите во Србија

Од:

Додека граѓаните на Србија денеска гласаат на предвремените парламентарни избори, на платформата за предвидување на исходи од настани „Полимаркет“ се води неизвесна трка меѓу Студентската листа и листата на Александар Вучиќ.

Според податоците на платформата прикажани на 25 октомври, Студентската листа има 50 отсто шанси за победа, додека листата на Вучиќ има 49 отсто.

Ова е значителна промена во однос на претходните недели, кога листата на Вучиќ имаше убедлива предност. На почетокот на октомври проценките ѝ даваа од 60 до 65 отсто шанси за победа, наспроти 35 до 40 отсто за Студентската листа.

Во последните денови пред изборите, шансите на листата на Вучиќ пораснаа на околу 70 отсто, но потоа нагло паднаа. Истовремено, проценките за Студентската листа значително се зголемија, со што таа ја презеде минималната предност.

Според податоците на „Полимаркет“, на пазарот поврзан со победникот на парламентарните избори во Србија е остварен промет од над 6,8 милиони долари.

Најголем дел од тргувањето се однесувал на Студентската листа, со околу четири милиони долари, додека на листата на Вучиќ отпаѓаат приближно 2,6 милиони долари.

Останатите опции, меѓу кои се листите на Ивица Дачиќ и Расим Љаиќ, во моментот на објавувањето имале помалку од еден отсто шанси за победа.

Сепак, овие бројки не се изборни резултати ниту удели во гласовите. Тие претставуваат пазарни проценки што произлегуваат од тргувањето на корисниците на платформата и може брзо да се менуваат.

„Полимаркет“ е една од најголемите светски интернет-платформи за предвидување на исходи од настани. Корисниците тргуваат со позиции поврзани со различни исходи, вклучувајќи избори, политички настани и спортски натпревари.

За разлика од класичните обложувалници, корисниците меѓусебно купуваат и продаваат позиции, а нивните цени се формираат според понудата и побарувачката. Од тие цени се изведуваат проценките за веројатноста на одреден исход.

Затоа, „Полимаркет“ не е изборна анкета ниту официјален модел за прогнозирање. Реалната точност на проценките ќе може да се оцени по објавувањето на изборните резултати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: До 15 часот, во Србија на избори излегле над половина од гласачите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Што значи и кому му одговара големата излезеност на изборите во Србија

ВИДЕО: Огромен одзив на изборите, Вучиќ чекаше два часа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

ВИДЕО: Дел од српската дијаспора гласа во среде ноќ, редици во Лос Анџелес и Вашингтон

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски