Драматична состојба во Србија. Пари во буџетот има само за пензии и плати за овој месец, објави „ Б92“, повикувајќи се на информации од Министерството за финансии.
Како што објави српската телевизија, Министерството за финансии, работи на тоа да пронајде пари за плати и пензии и за септември и за ноември.
Од октомври, соопштило Министерството, ситуацијата ќе се стабилизира затоа што се подготвуваат закони кои би требало да осигураат дека ваква драма нема да се повтори.
Дефицитот во буџетот на Србија во првата половина од годината беше 111 милијарди динари. За плати и пензии за целата година се потребни 856 милијарди динари.