Малку е вероjатно дека Европската централна банка (ЕЦБ) и понатаму ќе ја помага Грција бидејќи е забрането на земјите-членки на еврозоната да им се пружа директна помош, изјави денеска претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.
ЕЦБ воглавно направи се што можеше, посочи Драги.
ЕЦБ претходно одлучи со посредство на владите на земјите-членки на еврозоната да и го даде на Грција целиот профит што ќе биде остварен од грчките обрзници, кои се во нивна сопственост три години за време на реализирањето на пакетот за спас на земјата. Таа сума што би можела да достигне до пет милијарди евра.