ДПС веќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ

Од:

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на денешната седница на претседателството на партијата одлучи да ја ускрати поддршката на црногорската Влада на Дритан Абазовиќ.

Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси, се наведува во соопштението од ДПС.

Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ и членовите на претседателството на партијата разговараа и за понатамошните чекори откако црногорската Влада во петокот го усвои Предлогот за основниот договор со СПЦ.

Според ДПС, Владата ја загуби поддршката во Парламентот и ќе иницираат намалување на бројот на пратеници.

Владата на Црна Гора на 8 јули официјално соопшти дека е усвоен Предлогот за усогласениот текст на Основниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски