ДПС на Ѓукановиќ ќе ја поддржи малцинската влада, Абазовиќ можен премиер

Од:

Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ денеска потврди дека неговата партија ќе ја поддржи идната малцинска влада, но во неа нема да учествува.

Ѓукановиќ во изјава за Дојче веле потенцираше дека најголем интерес на Црна Гора е да добие одговорна влада и дека неговата ДПС, под одредени разумни политички услови, ќе ја поддржи малцинската влада.

– Ние сме подготвени да ја поддржиме малцинската влада, односно коалициите кои имаат граѓански карактер, кои сакаат да и помогнат на Црна Гора да се движи кон Европа, ние сме подготвени да ја поддржиме таа влада и нема да учествуваме во неа. Очигледно беа потребни 14 месеци вакво неуспешно искуство за да се вратиме на тој предлог, изјави Ѓукановиќ за ДВ. Тој потсети дека и по парламентарните избори неговата ДПС и понуди поддршка на малцинската влада, што тогаш не беше прифатена од Обединетата реформска акција (УРА) на Дритан Абазовиќ.

Според него, во претходната влада предводена од Здравко Кривокапиќ, составена од три коалиции, „едната е целосно јасно профилирана големосрпска коалиција“, за која се сметало дека „ако таа одлучува за државната политика, може да биде многу опасно за Црна Гора“.

Ѓукановиќ рече дека по парламентарните избори на 30 август, Црна Гора поминала низ „многу агресивна политика на Белград“ и дека благодарение на државотворната опозиција успеала да се спротивстави на офанзивата. – Големосрпскиот национализам од Белград сфати дека победата на нивните фаворити се отвори вратата за нова анексија на Црна Гора, овој пат преку проектот „српски свет“, изјави Ѓукановиќ..

Минатиот петок црногорскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ, а за пад на владата гласаше целата опозиција (ДПС, Социјалдемократите, Социјалдемократската партија, малцинските партии) и претставниците на владејачката УРА на Дритан Абазовиќ. За останување на Кривокапиќ на чело на извршната власт беа само 11 пратеници, од вкупно 81 во црногорскиот Парламент.

Се очекува истото мнозинство денеска да го смени Алекса Бечиќ, лидерот на Демократите, кој застана на страната на Кривокапиќ, од функцијата претседател на црногорскиот парламент, со што таа партија дефинитивно ќе замине во опозиција.

Според пратениците на УРА, договор за формирање малцинска влада треба да се постигне во следните 10 дена, а според аналитичарите, извесно е дека Дритан Абазовиќ би можел да биде новиот црногорски премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала