Вонредните парламентарни избори во Хрватска, што ќе се оддржат во недела на 11 септември, досега се пријавиле да ги следат 11.000 набљудувачи и оваа бројка не е конечна, јави Танјуг.
Точниот број на набљудувачи ќе биде познат кон крајот на неделата.
Изборите во новември минатата година ги следеа 13.500 набљудувачи.
Според досега достапните податоци, кои ги објавија хрватските медиуми, најмногу набљудувачи или повеќе од 7.000 пријавиле од ХДЗ, ХНС пријави 457, СДП, 417, ХСС 64, а Мост 82.
Познато е и дека изборите ќе ги следат шест набљудувачи од Ромскиот национален совет, 13 од здружението ГОНГ, како и странски набљудувачи, конкретно од Грузија, Кореја и од Косово.
Законот дозволува изборите да ги следат набљудувачи од политичките партии, избирачи кои предложиле независна листа, странски и набљудувачи од невладините здруженија и организации.