Поради состојбата во која се наоѓа повредениот В.П., кој вчера беше застрелан од Коста Кецмановиќ, неговиот татко, заменик-началник на пулмологија, не го препознал при приемот во болница, кога сфатил, настанал ужас.
Момчето В.П. кој вчера беше ранет кога Коста Кецмановиќ пукаше во него во ОУ „Владислав Рибникар“ и кој во таа прилика се здоби со сериозни повреди на ‘рбетот и главата, беше во толку непрепознатлива состојба што ниту татко му не сфатил за кого се работи кога тој пристигнал во болница, пишуваат српските медиуми.
Трагичните околности станаа уште потрагични, бидејќи С.П. началникот на пулмологија КЦС вчера работел и на неговото одделение пристигнал неговиот ранет син, кого најпрво не го препознал поради тешките повреди и рани кои му ги нанел Кецмановиќ со огнено оружје.
В.П. се уште е во тешка состојба, бидејќи куршумот му поминал низ ‘рбетот, а се здобил и со повреди на главата.
Кога таткото сфатил дека неговиот син е на масата пред него, потполно полудел, врескајќи и го кинел мантилот во состојба на екстремен шок што го доживеал.
Коста Кецмановиќ вчера изврши тешко кривично дело во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето во образовната установа.