На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ биле завршени контрадиверзантски проверки, по што било утврдено дека дојавите за бомби се лажни, дознава Танјуг.
Претходно, компаниите „Ер Монтенегро“ и „Виз ер“ објавија дека пилотите на нивните авиони добиле пријави за бомби пред полетување на пистата на белградскиот аеродром.
Патниците и членовите на екипажот се евакуирани.