Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Од:

Сараево сака да им испрати порака на Србите дека секој виден Србин ќе биде кривично гонет пред Судот доколку се осмелат да направат нешто, изјави денеска во Приедор претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Судот и Обвинителството на БиХ се антисрпски институции. Ако успеат да ги скршат властите во Република Српска, тогаш кому ќе му биде дозволено да потпише“, рече Додик.

Додик истакна дека го криминализирале, измислувале скандали, дека немало ден или месец да не добил покана од судот и обвинителството во Сараево и дека му суделе затоа што ги почитувал законите на Народното собрание и Уставот на Република Српска.

„Република Српска се обидува да го задржи својот статус во согласност со правото од Дејтонскиот договор, тоа е кулминација на борбата токму во ова време. Нелегален странец за прв пат воведе во кривичното законодавство дека секој што не ги почитува одлуките на високиот претставник мора да биде казнет“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

Каран го победи Блануша со разлика од два отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски