Додик: Санкциите против мене и Цвијановиќ се смешни

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на седницата на Народното собрание на Република Српска потврди дека Велика Британија вовела санкции против него и претседателката на Српска, Жељка Цвијановиќ, наведувајќи дека „тоа е смешно“.

„Не сум бил таму десет години“, рече Додик коментирајќи ја одлуката.

Потоа го прочита останатиот дел од соопштението на британската влада.

„Можеби ова ќе го израдува (потпретседателот на ПДП Игор) Црнатко“, рече Додик.

Тој изјави дека ќе продолжи да ги нарекува Бошњаците муслимани, се додека Србите во Република Српска се нарекуваат босански Срби.

„За вас е навредливо да ве нарекуваме муслимани, а не ви пречи кога не нарекуваат босански Срби“, рече Додик.

Велика Британија денеска соопшти дека ги санкционирала членот на Претседателството на БиХ, лидерот на СНСД, Милорад Додик, и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, поради, како што е опишано, обиди да се поткопа легитимитетот и функционалноста на Босна и Херцеговина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Приказната за рушењето на уставниот поредок е цинична

А1он

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик ја прогласи за непожелна и ја протера германската министерка

А1он

Судот во БиХ ќе се жали на одлуката на Интерпол да нема „црвена потерница“ за Додик

А1он