Додик: Република Српска следната година ќе добие нов Устав

Од:

Република Српска следната година ќе влезе во процес на изработка на нов Устав, кој „нема да биде сецесононистичи, но ќе и овозможи да се занимава со прашањето за отцепување“ од Босна и Херцеговина, изјави претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик.

– Сегашниот Устав на Република Српска не одговара на потребите на народот што живее во неа, порача синоќа Додик на собир на Правниот факултет во Бања Лука, одржан по повод 25-годишнината од усвојувањето на актулениот највисок законски акт на ентитетот.

Додик најави дека по усвојување на новиот Устав во собраниска процедура, тој ќе биде ставен на изјаснување на уставен референдум, по што доколку биде одобрен, ќе биде прогласен од страна на Народното Собрание на Република Српска.

– Овој собир е добра можност да ја промовираме идеја за изготвување на нов Устав следната година, во согласност со демократските потреби на народот и потребите на Република Српска. Ова е добра можност да се проговори на таа тема, порача Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет