Додик против именување нов германски амбасадор во БиХ: „Тој сака да им ги отсече главите на Србите“

Од:

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, по вторпат негираше одобрение за именување на нов германски амбасадор во таа земја, со што го интензивираше неговиот личен конфликт со Берлин, кој го обвинува за спроведување антисрпска политика.

На седницата на Претседателството на БиХ одржана во текот на денот, Додик гласаше против назначувањето на нов германски амбасадор, додека претседавачот на Претседателството Шефик Џаферовиќ и хрватскиот член Жељко Комшиќ гласаа за именувањето.

Додик на ист начин гласаше и на 24 август, кога оваа точка за првпат беше на дневен ред на Претседателството на БиХ, а потоа рече дека не го сака доаѓањето на новиот германски амбасадор, обвинувајќи го дека има намера „да им ги отсече главите на Србите“.

„Германија се обидува да го окупира овој простор“

Сега тој рече дека услов Германија да има нов амбасадор во Сараево е таа земја да се откаже од резолуцијата на Бундестагот за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Со таа резолуција Додик беше прогласен за главна закана за територијалниот интегритет и стабилност на БиХ поради постојаното промовирање на сецесионистичката политика и блокадата на властите во БиХ.

„Ова е обид да го окупира овој простор Германија, која сака да наметне политички решенија“, изјави Додик за новинарите по седницата на Претседателството на БиХ, коментирајќи ја актуелната политика на Берлин.

Додик побарал и од Џаферовиќ и Комшиќ на седницата на Претседателството на БиХ да го прогласат високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит за персона нон грата, но очекувано не добил одобрение за тоа, како и за барањето за изградба на нов гасовод до Србија и дека Србија добила дозвола за изградба на аеродром во Требиње.

Би можело да ве интересира

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево се можеби на најлошо ниво

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина

Додик: Во БиХ нема вонредна ситуација, Република Српска го почитува Дејтонскиот договор

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе