Додик пристигна во Москва, се сретна со еден од најблиските соработници на Путин

Од:

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик денеска пристигна во Москва, каде беше најавена неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, а на првиот ден од таа посета се сретна со Николај Патрушев, секретарот на Советот за безбедност на Русија и еден од најблиските соработници на Путин.

Јавниот сервис на Република Српска (РТРС) објави кратко видео од средбата на Додик и Патрушев, на која учествувале и нивни соработници. Во исто време, Патрушев рече дека е „многу благодарен“ на Додик за доаѓањето во Русија, изразувајќи задоволство од се посилните врски со Република Српска, чии власти отворено ја поддржуваат Москва во нејзината конфронтација со Западот и одбиваат да ја осудат руската инвазија на Украина.

„Задоволни сме од развојот на целиот комплекс на нашите врски, кои се повеќе добиваат стратешки карактер“, рече Патрушев, кој е познат како еден од најистакнатите „јастреби“ во администрацијата на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

Хелез: Додик планира да избега од БиХ

Додик: Ако се наметне законот за државен имот, ќе прогласиме независност

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Потврдено обвинението против Милорад Додик

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ