Додик: Орбан е еден од водечките лидери на новото разбирање на светот

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес во Будимпешта изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан многу добро ја разбира ситуацијата во која се наоѓа РС.

„Соработката меѓу Унгарија и Република Српска не е против никого, туку за нас, без разлика како некој се обидува да ја претстави. Денес ги славиме нашите билатерални односи. Потврдувам дека никој не кажал ниту еден збор против никого“, напиша Додик на платформата X.

Тој додаде дека Унгарија рекла дека треба да разговараме со луѓето од оваа област, а не за нив.

„Република Српска е стабилна заедница и покажува упорност во градењето на своето општество врз основа на своите национални интереси. Република Српска нуди голем број можности за развој.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод