Додик: Нема потреба од „Дејтон 2“

Од:

Нема потреба за „Дејтон 2“, оценува претседателот на Република Српска Милорад Додик коментирајќи го предлогот на американскиот конгресмен Мајкл Тарнер. Додик изјави дека е за внатрешен договор без мешање на странци.

– За мене тоа е прифатлив врамениот и оригинален Дејтон. Босна и Херцеговина е далеку од функционална и тоа го гледаме во заедничките институции. Знаејќи како овие конгресмени, сенатори дејствуваат во систем на САД, можно е да станува збор за нечие лобирање. Мислам дека нема потреба за „Дејтон 2“, вели Додик.

Конгресменот Тарнер изрази загриженост дека мирот основан со Дејтонскиот договор е во опасност и повика да се организира нов Дејтонски мировен договор.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба