Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Од:

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно ја спомена можноста за одвојување на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија.

Зборувајќи на конгресот на партнерската Социјалистичка партија, тој рече: „Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе бидеме слободни и кога ќе се обединиме со Србија на начинот на кој мислиме дека треба да биде“.

За прв пат по долго време, Додик ги повтори своите претходни ставови за крајната цел на интеграцијата на српскиот ентитет со Србија. Дополнително, тој го оспори институционалниот поредок на Босна и Херцеговина, велејќи дека за него Сараево не е главен град, туку Бања Лука и Белград.

Од 2017 година, Додик беше под санкции на САД за поткопување на Дејтонскиот договор и застапување на отцепувањето на Република Српска. Санкциите беа дополнително продолжени во 2022 година, за да бидат целосно укинати во октомври минатата година.

Минатата година, Судот на Босна и Херцеговина го осуди Додик на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник кој не го признаваат во Република Српска.

Би можело да ве интересира

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски