Додик: Ќе донесеме ригорозен закон за невладините организации, дури и по цена на европскиот пат

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине помошта за невладините организации е сигнал до РС да донесе сопствен закон за овие организации.

Зборувајќи за работата на невладините, тој рече дека веќе нема да можат да ги „клеветат Србите“, бидејќи ќе се донесе ригорозен закон.

„Овде има секакви ѓубриња кои користат странски фондови и прават се за да го оцрнат српскиот народ и државата Република Српска, нема да се одмаздуваме, туку само едно ќе кажеме – тоа веќе нема да можете да го правите. “, рече Додик.

Тој изјави дека на првата седница на Народното собрание на Република Српска (НАРС) ќе се донесе закон за невладини организации кој ќе биде поригорозен од претходно понудениот.

„Ќе биде поригорозен од оној што го понудивме кога сакавме да направиме компромис, а бидејќи не сакавте компромис, туку мислевте дека можете да управувате, сега ќе добиете закон кој ќе биде ригорозен“, додаде Додик.

Тој нагласи дека тоа ќе се направи дури и по цена на европскиот пат.

„Не нè интересира мислењето на ЕУ за ова. Ако се работи за прекин на европскиот пат, во ред. Нема да ни кажуваат што да правиме овде“, рече Додик.

Во еден од првите чекори на неговата нова администрација, Трамп потпиша извршна наредба за суспендирање на помошта за развој на САД во странство на 90 дена.

Би можело да ве интересира

Додик: Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија

А1он

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ