Додик: Јас сум најпрогонуваниот човек во Босна и Херцеговина

Од:

Милорад Додик изјави дека тој е прислушкуван од страна на службите за безбедност на Босна и Херцеговина и дека налогот за неговото следење е изнаден на барање на јавното обвинителство, но дека не знае каква истрага е покрената.

Претседателот на Република Српска кажа дека добил известување од судот во Сараево дека против него се преземени мерки за прислушување и вели дека тој е најпрогонуваниот човек во БиХ.

-Тоа не е ништо ново, бидејќи знам дека моите разговори ги следат најмалку десет агенции. Меѓутоа, овде станува збор дека некој суд на БиХ го прислушува претседателот на Република Српска и тоа е проблематично, изјави Додик за „Вечерње новости”.

Тој додаде дека не знае зошто судот го известил за тоа, но претпоставува дека тоа е за да не се претвори во поголем проблем кога тоа би се дознало на друг начин.

– Не знам зошто ме прислушуваат, кога отворено зборувам дека се залагам за самостојна Република Српска, вели претседателот на Српска.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба