Додик: БиХ е нереална држава, Република Српска еден ден ќе биде независна

Од:

Во пресрет на состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, членот на босанското Претседателство, Милорад Додик во телевизиско интервју зборуваше политичките односи во Босна и Херцеговина во во регионот.

„Босна и Херцеговина е неодржлива земја, не затоа што јас го велам тоа, јас само констатирам. Република Српска не може да биде укината, еден ден ќе стане независна земја“ – вели Додик.

Тој смета дека политиките кои доаѓаат од Сараево се „политики на доминација“.

„Република Српска нема да излезе ниту сантиметар од својата територија. Јас само се обидувам да бидам реален. Таму постојат Бошњаци кои се загледани во Турција. Јас не ја сакам БиХ, ја сакам Република Српска. Јас во ниту еден спорт не навивам за претставниците на Босна и Херцеговина. Тоа не е земјата која е моја, тоа е нешто што ни е наметнато“ – вели Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција