Бајден: Бриселскиот договор ветува напредок

Од:

По вчерашниот состанок со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, Белата куќа соопшти дека САД се посветени кон засилено билатерално партнерство со Србија.

Како што стои во соопштението Бајден му честитал на премиерот на Србија поради постигнување договор во дијалогот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, со помош на ЕУ.

Според него договорот ветува напредок во европските интеграции на двете држави, а воедно ќе обезбеди мирна и просперитетна иднина за нивните граѓани.

Во соопштението пишува и дека премиерот Дачиќ и неговата влада покажале лидерство во преземањето на тој важен чекор за постигнување на бриселскиот договор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски